Во Црна Гора натпревар во излежување – рекордот е надминат, а тројца натпреварувачи уште лежат

Годинава на натпреварот во излежување во Долна Брезна во Црна Гора соборен рекордот од 52 часа. Фото: Исечок од ТВ прилогот на РТЦГ

Во етно-селото „Монтенегро“ во Долна Брезна во Црна Гора се одржува традиционалното натпреварување во излежување. Иако рекордот е веќе соборен, тројцата преостанати натпреварувачи уште „се борат“, односно лежат, за наградата од 300 евра, јави Радиотелевизија на Црна Гора (РТЦГ).

„Полека влегуваме во 93-от час, соборен е рекордот од пред две години, што изнесуваше 52 часа. Останаа тројцата најупорни. Истрајни се и велат дека и понатаму немаат намера да станат“, за РТЦГ изјави Радоје Благојевиќ, сопственик на етно-село „Монтенегро“ и организатор на натпреварот.

За пробивањето на рекордот веројатно влијаело и менувањето на правилата во однос на претходните години, односно сега на секои 8 часа натпреварувачите смее да станат да одат до тоалет.

„Дозволено им е по 8 часа да отидат до тоалет, па можеби лесно беше да се собори рекордот од предминатата година, од 52 часа, оти тие не смееја да одат во тоалет. Јас не би можел, на нив секоја им чест“, вели Благојевиќ.

За титулата моментално се борат две момчиња од Никшиќ и една жена од Подгорица.