Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

Британија и Северна Македонија потпишуваат нов договор за стратешко партнерство што треба да донесе нов бран инвестиции и поблиска соработка. Фокусот е ставен на трговијата, борбата против корупцијата и развојот на инфраструктурата, но и справување со имиграцијата

-

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во билатералните односи меѓу двете земји. Според најавите, договорот треба да отвори нови можности за инвестиции, трговска размена и соработка во повеќе сектори, меѓу кои образованието, културата и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Договорот ќе вклучува и начини на соработка за справување со имиграцијата.

„Очекуваме овој договор да даде импулс за инвестирање стотици милиони фунти, средства што ќе бидат од значење и за британската и за македонската економија“, изјави Лосон во интервју за ТВ Сител. Тој посочи дека половина од британските инвестиции во Западен Балкан се токму во Северна Македонија и дека се работи на формирање британска бизнис-асоцијација која ќе ги поддржи идните проекти.

Договорот доаѓа како надградба на веќе постоечкиот Договор за партнерство, трговија и соработка потпишан во 2023 година, и е дел од пошироката британска стратегија за воспоставување билатерални односи со држави по излегувањето од Европската Унија. Со слични стратешки договори Велика Британија веќе се има поврзано со Украина, Индија, Нигерија, Казахстан и други држави, при што фокусот на секој од тие договори варира според интересите на Лондон, од безбедност до критични минерали и технолошка соработка.

Во македонскиот случај, британската страна најавува фокус на економски и инфраструктурни проекти, вклучително и изградба на болници и железничка мрежа. Од македонска страна, вицепремиерите Александар Николовски и Изет Меџити ќе ја предводат владината делегација во Лондон, каде ќе се одржат и заеднички изјави со британскиот министер за трговија.

Сепак, дел од јавноста и медиумите укажуваат дека засега нема јасна слика за тоа како ќе се реализираат најавените шест милијарди евра инвестиции, дали ќе бидат директни инвестиции или кредити, и под кои услови. Опозициската СДСМ побара одговори за потенцијалното задолжување и какви привилегии би добиле британските компании ако навистина станува збор за заеми преку комерцијални банки.

И покрај ентузијазмот на властите, досега британските медиуми не известија за договорот, што дополнително ја отвора дебатата за реалната тежина на партнерството во рамки на британската надворешна трговска политика.

Мицкоски најави изградба на нов колосек на Коридорот 10 преку договорот со Обединетото Кралство

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Путин ги предупреди своите функционери да не дозволат рецесија

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди своите функционери да се осигурат дека нивните напори за средување на економијата доведена до прегревање поради воените трошоци нема да претерат и да ја доведат...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа,...