fbpx

Во четврток панел дискусија за дигитални услуги креирани за граѓаните

-

Фондацијата за слободата „Фридрих Науман”, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИССХС), в четврток со почеток во 10 часот, во хотелот „Александар Палас“ ќе одржат панел дискусија „Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните“.

Настанот се организира во синергија со проектите поддржани од Фондацијата „Фридрих Науман”, „Метаморфозис“ и ИССХС. Истиот ќе придонесе за јавна и експертска дебата за можностите за вистинска дигитализација на услугите, обезбедени од јавната администрација на централно и локално ниво во Северна Македонија и ќе послужи како извор на клучно и стручно знаење за одговорните засегнати страни.

Програмата на настанот се состои од кратка презентација на две истражувања, имено „Анализа на е-услуги во општините во Република Северна Македонија” изготвено од Фондација Метаморфозис, и “Дигитализацијата како пат на вистинска администрација ориентирана кон граѓаните: децентрализација на процесите како средства за забрзана и ефективна реформа” изготвено од Институтот за општествени и хуманистички науки, по што ќе следи дискусија за испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните.

Настанот е од отворен карактер и на него се очекува да присуствуваат претставници од институции, граѓански организации, медиуми и други засегнати страни. Работен јазик на настанот е македонски јазик, со обезбеден превод на албански и англиски јазик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...