Во четвртиот квартал на 2020 година има благо намалување на јавниот и државниот долг

-

Министерство за финансии информира дека има благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година.

„На крајот од 2020 година државниот долг изнесува 51 проценти, што е за 0,5 процентни поени пониско во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг изнесува 59,9 проценти и е за 0,8 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје. Гледано во апсолутен износ, државниот долг е намален за 57 милиони евра во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг е намален за 89 милиони евра во однос на третото тримесечје. Промената во состојбата се должи на отплатите направени во последниот квартал по основ на доспеаната еврообврзница од 2015 година, како и враќање на краткорочниот кредит кон комерцијалните банки земен на почетокот на минатата година,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека реализацијата на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал е пониска и во однос на проекциите за крајот на годината и тоа кај државниот долг е за 0,2 процентни поени пониска од очекувањата, додека кај јавниот долг за еден процентен поен помалку.

Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека на среден рок ќе се реализира постепена буџетска консолидација, која од една страна ќе влијае врз стабилизирање на долгот, додека од друга страна нема да влијае рестриктивно врз економскиот раст.

„Во таа насока планирано е буџетскиот дефицит, односно негативната разлика помеѓу приходите и расходите во буџетот постепено да се намалува. Така за годинава е проектиран речиси двојно понизок дефицит во однос на минатата година од -4,9 проценти од БДП, следната година проекцијата е  -3,8 проценти, во 2023 -3,2 проценти, во 2024 -2,9 проценти и во 2025 година -2 проценти, односно под Мастришкиот критериум од -3 проценти од БДП. Поради пандемиски предизвиканата економска криза, многу држави-членки на Европската Унија (ЕУ) го надминуваат овој критериум, што е сосема разбирливо, имајќи ја потребата од силна државна интервенција и фискален поттик за економиите,“ се додава во соопштението.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...