Во Бутел 1 вандализирана нова неотворена детска градинка

Министерството за внатрешни работи веќе има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот

-

Искршени прозорци, потписи по ѕидови, уништени врати и хидранти. Ваква е сликата утрово во новата детска градинка која се гради во Бутел, а која сè уште не е пуштена во употреба. Од општината информираат дека е направена голема штета на објектот кој е нов, а кој според планираното, требало да биде пуштен во употреба во септември годинава.

„Министерството за внатрешни работи веќе има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот. Направена е голема штета во новата градинка. Градоначалникот Дарко Костовски најостро ги осудува сите акти на насилство и вандализам. Срамните сцени на вандализираната детска градинка се недозволиви“, наведено е во реакцијата од општината.

Сторителите се потпишувале на ѕидовите во новата градинка. Фото: Општина Бутел

Во неа се упатува апел до сите граѓани да не го уништуваат, туку да го чуваат тоа што макотрпно се гради со заеднички пари на граѓаните и изразува надеж дека ова насилство не е израз на политика.

„Во Бутел се градат две нови детски градинки, со кои ќе се реши проблемот за згрижување на дечињата и ќе се исполни најголемото барање на граѓаните“, се додава во соопштението.

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...