fbpx

Во Бугарија ништо ново: БГНЕС традиционално го одбележа „Крвавиот Божик“

-

Со приближувањето на Божик според Грегоријанскиот календар (25 декември), според кој освен Римокатоличката црква, празникот на раѓањето Христово го одбележуваат речиси сите православни цркви освен Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), Српската православна црква (СПЦ), Руската православна црква (РПЦ), Грузијската православна црква, како и Ерусалимската патријаршија и Антиохијската патријаршија, во соседна Бугарија повторно се случи „воскреснување“ на бугарскиот националистички наратив. Имено, приватната новинска агенција БГНЕС пишува за низа ликвидации што ги вршела новата власт околу Божик 1945 (иако агенцијата всушност на почетокот на текстот наведува дека тоа се случувало на Божик 1944 година).

Притоа, според агенцијата, станувало збор за масовни егзекуции на околу 23.000 Бугари од Македонија. Мета го оценуваше ова тврдење годинава кратко по Божик, 7 јануари, при што аргументите што ги посочивме говорат дека иако биле егзекутирани и лица што се чувствувале како Бугари, но и лица што воопшто не се идентификувале со бугарскиот народ.

Во текстот БГНЕС дава изјави на некои лица кои се сметаат за Бугари, како велешкиот бизнисмен Драги Каров, но воопшто не се потрудила да обезбеди и изјави од луѓе со спротивен став. Интересно е што во целиот текст од соговорниците се изнесуваат остри напади врз ВМРО-ДПМНЕ како србоманска партија.

Иако е несомнено дека некои од убиените, затвораните и прогонетите се чуствувале како Бугари, во отсуството на некаква документација што би ја потврдила толку големата бројка убиени во период од само неколку дена или седмици (на пример, во Владимирово и ден-денес никој не зборува ниту за 30, а камоли 300 убиени во само еден ден).

Дополнително, од она што го утврди македонската историографија, но и искази за медиумите  давани по настапувањето на плурализмот на некои од затвораните, голем број од убиваните и затвораните биле цврсти заговорници на идејата за независна и голема Македонија, а голем број биле и помагачи на партизанското движење, како што е случајот со убиениот велешки лекар Богдан Поп Ѓорчев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...