fbpx

Во болниците се лекуваат 1.237 пациенти од ковид-19, има 670 слободни кревети

-

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 1.237 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а има околу 670 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците добиени во последните 24 часа.

Во ковид центрите низ земјава е пријавено дека се лекуваат 722 лица. Во Битола се хоспитализирани 97 пациенти, во Штип 60, на инфективното одделение во Тетово има 39 болни, во Велес 84, а во Куманово 82 пациенти. Во ковид центарот во Охрид се на лекување 80 лица, во Прилеп 75, во Гостивар 22, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 77, во Кочани 17, во Кичево 25, во Кавадарци 37, а во Гевгелија 12 лица.

Во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје се примени 48 нови пациенти, а вкупно 515 лица се лекуваат на инфективните оддели.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми, во ГОБ „8 Септември“ 14, 11 на Инфективната клиника, во Козле имало еден нов болен, исто како и на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациента.

Дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 202 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 122 болни, на Клиниката за инфективни болести 131 пациент, во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле се 23 пациенти, на Клиниката за детски болести, 3 деца и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација лежат 28 болни.

Утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, информираат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...