Поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата–Козле, пациентите се упатуваат на хоспитализација на Универзитетска клиника за детски болести и на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Како што информират во Министерството за здравство, во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.

Како што објаснуваат во ЈП Водовод и канализација, причина за намалениот притисок е поради дефект на водоводната инсталација после водомерот.

„Станува збор за дефект на водоводната инсталација која е сопственост на болницата. За наведеното известени се надлежните во болницата и истите треба да го санираат дефектот на внатрешната водоводна инсталација. Ние, како ЈП Водовод и канализација, со оглед дека станува збор за сензитивна работа имаме оставено цистерна со питка вода пред самата болница“, се наведува во соопштението од претпријатието.