Бидејќи во главниот град на Србија сите пазари се затворени како дел од мерките за борба против корона вирусот, претпријатието „Градски пазари“ најави дека на својот веб-сајт ќе објави контакт-податоци од продавачите на тезгите и од производителите, кои на граѓаните ќе им ги доставуваат дома земјоделските производи.

Со мерката ќе бидат опфатени закупците на тезги, а идејата е да им се помогне и на производителите и пазарџиите, но и на граѓаните, кои сега не може да одат на пазар.