fbpx

Во Белата куќа за прв пат ќе биде вработено трансродно лице

-

Белата куќа соопшти дека го вработила својот прв трансроден функционер, што е потег кој, според зборовите на американската администрација, потврдува дека Вашингтон вложува напори во борбата против нерамноправноста.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Рафи Фридмен-Гурспен е именувана за директорка за вработување при Канцеларијата за персонал.

Борците за заштита на човековите права наведуваат дека таа е прва отворена трансродна личност вработена во администрацијата на Белата куќа.

Фридмен-Гурспен претходно била политички советник во Нациналниот центар за рамноправност на трансродни луѓе.

Претседателот на САД, Барак Обама, кој се наоѓа на одмор на островот Мартас Вињард на почетокот се противеше на хомосексуланите бракови, но во 2012 ја поддржа иницијативата, и потоа прашањето за правата на ЛГБТ лицата го направи приоритет во својата политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...