fbpx

Во август се издадени 206 одобренија за градба, што е за 32,9 проценти повеќе од лани

-

Во август се издадени 206 одобренија за градење, што е за 32,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.616.289.000 денари, што е за 299,8 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 111 (53,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 43 (20,9 проценти) за објекти од нискоградба и 52 (25,2 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 206 објекти, на 115 (55,8 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 91 (44,2 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 339 станови со вкупна корисна површина од 30.233 квадратни метри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...