Во април премиера на „The Offer“ – серијата која го претставува снимањето на „The Godfather“

Фото: Официјален постер за серијата, IMDb

Во продукција на Paramount, режија на Декстер Флетчер и сценарио на Мајкл Толкин,  документарната мини-драма за случувањата зад сцената на снимањето на култниот крими филм „The Godfather“ премиерно пристигнува во април.

„The Offer“ е приказ на замислата и процесот на снимање од режисерското око на Францис Форд Копола во улога на Ден Фоглер, аголот на продукција од Алберт Руди кој ќе го толкува Мајлс Телер и умешната глума на Марлон Брандо и Ал Пачино во улога на Џастин Чемберс и Ентони Иполито.

Премиерата ќе биде на 28-ми април на стриминг платформата на продукциската куќа, Paramount+.

Првиот филм од трилогијата „The Godfather“ е снимен во 1972 година како филмска реализација на истоимената книга од Марио Пузо. Следната година беше номиниран за 11 оскари, од кои освои три, вклучувајќи ја и главната категорија за најдобар филм. Вториот дел е премиерно прикажан во 1974 година, а третиот и последен дел по 16 години, во 1990.