fbpx

Во Амфиполис биле закопани пет лица

-

Грчкото Министерство за култура објави дека анализата на коските што беа пронајдени во внатрешноста на гробницата во близина на Серес, која ја крена на нозе цела Грција со можноста дека се работи за гробот на Александар Македонски, им припаѓаат на пет лица, а не, како што се претпоставуваше, на еден човек.

Ваквото откритие води кон претпоставки дека е можно да се работи за семејна гробница.

Археолозите пронашле вкупно 550 коски.

Според анализата, утврдено е дека коските им припаѓаат на жена на возраст од околу 60 години, двајца мажи на возраст од околу 30-45 години и на едно новородено бебе. Петтото тело е целосно изгорено и тешко е да се одредеи полот, а за него се претпоставува дека било изгорено и закопано во сосема друг временски период, пред останатите четворица.

Следниот чекор во обидот за откривање на идентитетот на закопаните во Амфиполис е ДНК-анализата, која ќе потврди дали има некаква поврзаност и ќе покажат дали навистина се работи за семеен гроб. Се очекува најтешко да оди анализата и процедурата за идентификување на запалениот починат во Амфиполис, кој се претпоставува дека бил прв закопан во гробот бидејќи палењето на мртвите престанува по 2 и 3 век п.н.е.

Амфиполис крена многу прав во грчката јавност од август минатата година, особено по посетата на премиерот Андонис Самарас, кој истакна дека гробницата крие важно откритие за грчката култура и идентитет, поврзано со македонската династија. Првите претпоставки беа дека се работи за гробот на Александар Македонски, за потоа сомневањата да почнат да се движат околу името на мајката на Александар, Олимпија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...