fbpx

Во 2019 година за 4,8 отсто намален бројот на починати од насилна смрт

-

Минатата година од насилна смрт починале 454 лица, што е намалување од 4,8 отсто во однос на 2018 година. Според полот, како и во претходните години, и во 2019 година поголемо учество во цифрите за насилна смрт имаат машките лица, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 71 отсто, потоа самоубиствата со 23 отсто и убиствата со 5 отсто.

Од несреќните случаи, најголемо учество имаат лицата кои починале од други надворешни причини за случајна повреда. Кај самоубиствата, најчесто смртта настапила поради бесење и задушување, додека пак кај убиствата поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје.

Во последната деценија незначително е намален бројот на насилна смрт во државата. Од 2009 до 2019 година, во просек на годишно ниво имало 356 несреќни случаи, 134 самоубиства и 30 убиства.

Податоците од ДЗС покажуваат дека во земјава секоја година се извршуваат повеќе самоубиства отколку убиства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...