Во 17.30 часот граѓанската платформа „Ајде“ ќе протестира пред Уставниот суд

-

Граѓанската платформа „Ајде“ денеска во 17.30 часот ќе организира протест против одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата за измени Законот за помилување со кои се овозможува да се помилуваат лица осудувани и гонети за изборни криминали.

„Уставниот суд денеска застана во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори. Во рекордно брзо време ја разгледа и ја прифати иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за помилување, поточно за забраната Претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив правниот систем е само алатка која им служи за заштита од правдата, а не за нејзино спроведување. Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок. Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот. Затоа, денеска во 17.30 часот, „Ајде“ ве повикува да протестираме пред Уставниот суд на Република Македонија“, пишува во повикот на платформата.

Организаторите додаваат дека на судиите кои се грижат единствено за спасување на своите наредбодавци, ќе им порачаат, јасно, гласно и решително, дека тие се одговорни пред сите граѓани на оваа држава и дека не можат и не смеат да го газат Уставот секогаш кога тоа ѝ одговара на владејачката партијата или секогаш кога ќе треба да се спасуваат криминалците во власта.

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...