fbpx

Во јануари за 3,2 отсто помалку вработени во индустријата

-

Бројот на работници во индустријата во јануари годинава е помал за 3,2 отсто во споредба со јануари 2019 година, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. Тоа е резултат на намалувањето на бројот на работниците во сите сектори. Така, во секторот рударство и вадење на камен има опаѓање од 1,3 отсто, во преработувачката индустрија од 3,5, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалувањето на бројот на вработените изнесува 0,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата забележува опаѓање кај Енергијата за 0,9 проценти, интермедијарни производи, освен енергија, за 3,2, трајните производи за широка потрошувачка за 6,8 и нетрајните производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти, додека пораст има кај капитални производи за 1,5 отсто, објави ДЗС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...