Внатрепартиски избори во СДСМ на 16 март, Венко Филипче е единствен кандидат

Претходно, партијата објави отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани лица

-

Актуелниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче е единствениот кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март.

Партиската Централна изборна комисија соопшти дека одржала седница за разгледување на поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за внатрепартиските избори, при што била утврдена единствена листа со единствен кандидат: Венко Филипче.

Претходно, партијата објави отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани лица.

Одлуката на Комисијата, заедно со програмата на Филипче, се очекува да бидат објавени на интернет-страницата на СДСМ.

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче стана претседател на Социјалдемократите откако победи на внатрепартиските избори што се одржаа на 30 јуни минатата година.

Како што соопштија тогаш од СДСМ, гласањето се спроведе во 77 избирачки места, а на списокот биле евидентирани над 23.000 партиски членови.

Покрај Филипче, кандидати за партиски лидер на СДСМ тогаш беа и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски. Неколку дена претходно, својата кандидатура ја повлече поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска.

 

 

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...