fbpx

ВМРО-НП: Македонија е за или против членство во ЕУ?

-

ВМРО – Народна партија сериозно го проанализира предложениот план на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, што го објави пред Европскиот парламент, за формирање европски фонд за инвестиции тежок повеќе од 315 милијарди евра. Почетокот на оперативноста на овој фонд е предвиден за средината на 2015 година, со траење од три години и со можност за продолжување.

„Особено внимание привлекува намената на овој фонд кој ќе биде насочен за проекти од силен социјален и економски карактер, кој ќе придонесат за значајно намалување на невработеноста и за подобрување на стандардот на најзагрозените социјални категории во сите земји-членки на Европска Унија. Според анализите на домашни и меѓународни експерти, доколку постоеше вистинска, а не само декларативна заложба за ЕУ, Република Македонија веќе ќе беше членка на ЕУ и ќе имаше право да ги користи овие богати фондови“, се вели во соопштението од ВМРО – Народна партија.

ВМРО – Народна партија прашува што овие финансиски средства ќе значеа за Република Македонија, која денес е најсиромашната земја во Европа, со највисок степен на невработеност во светот, со крајно ниска продуктивна економија, со најнизок стандард на граѓаните каде што најголем број на вработени заработуваат помалку од 8.000 денари и каде што од 292.000 пензионери, 170.000 пензионери имааат пензија од 10.000 денари, а 70.000 пензионери земаат пензија од 5.000 – 6.000 денари.

„Слаба утеха за Македонија е вистината што голем број наши граѓани, особено високо стручни кадри, ќе имаат можност да користат дел од овие средства, напуштајќи ја државата за подобар живот. ВМРО – Народна партија апелира до сите одговорни фактори во Република Македонија да седнат и добро да размислат, споредувајќи ги аргументите „за“ или „против“ членство во ЕУ и да се определат, ќе го одбереме патот кон слобода, демократија и благосостојба или и понатаму ќе тонеме во очај, сиромаштија и во безперспективност“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...