fbpx

ВМРО-НП: Ја поздравуваме иницијативата за ослободување на Вранишковски

-

„ВМРО – Народна партија повеќе години, преку свои објавени соопштенија, настапи и прес-конференции, укажуваше дека судските процеси против владиката Јован Вранишковски, со кои беше осуден на повеќегодишна казна затвор, се мотивирани од политички побуди“, се вели во соопштението од партијата.

„ВМРО-Народна партија и денес го задржува истиот став за случајот со Вранишковски и поради тоа ја поздравуваме иницијативата за негово итно ослободување. Со исти квалификации за неговото затворање пред неколку месеци, се изјасни и Стејт департментот, кој побара ослободување, на кои Владата и надлежните институции останаа глуви, а сега под притисок на Руската православна црква, веднаш благонаклоно да реагираат. ВМРО-Народна партија е загрижена од штетните последици што Македонија ги трпи од доцната реакција и погрешно избраниот пат за решавање на овој проблем, кој беше нотиран и во извештаите од Европска Унија“, се вели во реакцијата од партијата.

Како што се вели понатаму во соопштението, од партијата не можат да не констатираат дека уставно загарантираниот секуларен карактер на Македонија, во која јасно се одвоени религиите од државата, е грубо прекршен од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што ја злоупотребила МПЦ-ОА.

„Оддалеку се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ обезбедувајќи си за себе алиби, го принуди Светиот архиерејски синод да објави партиски став. Свесна ли е владејачката партија до кој степен го понижи Синодот пред очите на целата мекедонска јавност. Голем срам е една демохристијанска партија заради свои лични и партиски интереси, да се затскрива зад МПЦ-ОА. ВМРО-Народна партија уште повеќе е зачудена, како МПЦ-ОА толку лесно и брзо своите досегашни тврди ставови во врска со овој случај, ги трансформира и прифати да се однесува како портпарол на владејачката партија“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...