fbpx

ВМРО-НП: Да се каже колку точно ученици Албанци и Македонци има во Бутел

-

ВМРО – Народна партија со внимание ги следи новинарските коментари на телевизија „Алсат-М“ за состојбите во училиштето „Арсениј Јовков“ во скопската општина Бутел, а се однесува на бројот на учениците и на нивната етничка припадност.

„Телевизија „Алсат“ тврди дека во десетте македонски паралелки учат во просек помалку од 20 ученици, а две паралелки дури воопшто и не постојат. Згора на тоа, голем дел од учениците што учат на македонски наставен јазик се Албанци, Турци и од други етнички заедници. Од друга страна, се укажува на несоодветни услови за изведување на наставата во шестте паралелки на албански наставен јазик, каде што учат по повеќе од 40 ученици во паралелка. Исто така, се наведува дека барањата на родителите Албанци за надминување на оваа неповолна и вештачки создадена ситуација за нивните деца, редовно се игнорираат од училишниот одбор, директорот, градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски, и, како најповикан, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски“, се вели во соопштението од ВМРО – Народна партија.

ВМРО – Народна партија од надлежните и, посебно, од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, бара да се прикаже вистинската состојба и итно да се разреши овој проблем бидејќи, во спротивно, може да се прошири и да добие интензитет.

„ВМРО – Народна партија предлага, ако постојат вакви и слични состојби во други училишта низ Република Македонија, да не се прикриваат од локалните власти. Само со вистинско презентирање на бројот на учениците, нивната етничка припадност и со еднакви услови за сите ученици, може да се доведе до решавање на проблемите на задоволство на сите засегнати страни. Во спротивно, криво прикажаните демографски состојби, движења и насоки во Република Македонија, можат да бидат искористени за незаслужено фаворизирање на нечија етничка доминантност, што, по правило, носи несакани последици за иднината на државата. Колку побргу станеме свесни за сето ова, толку подобро за нас“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...