fbpx

ВМРО-НП: Да се формира натпартиска комисија за загадувањето

-

„ВМРО-Народна партија е загрижена од секојдневните информации за степенот на загаденост на воздухот во Македонија, а, пред сè, во градовите Скопје, Тетово и Битола. Од оваа состојба која предизвикува тешки нарушувања на здравјето на граѓаните, дури и со фатални последици за некои од нив, сите во Македонија сме крајно загрижени, освен оние кои имаат обврска да нè заштитат од оваа елементарна непогода“, реагираат од ВМРО-НП.

„Иако оваа драматична состојба со загадувањето на воздухот во Р.Македонија трае подолго време и е ударна вест на сите светски агенции, надлежните институции, а, пред сè, Министерството за здравство, упорно молчи. Бараме од Тодоров да се изјасни дали се чувствува одговорен за неговата основна функција која подразбира грижа за здравјето на граѓаните. Дали, не дај боже, со првата жртва од загадувањето, во неговото министерство и Владата ќе се запали црвеното светло за аларм. ВМРО-Народна партија предлага да се формира наднационална и натпартиска комисија, составена од домашни и од странски експерти за оваа проблематика, која најпрво ќе ги утврди вистинските причини и носителите што ја доведоа земјата до оваа состојба. Потоа, врз основа на нивниот стручен капацитет, ќе предложат соодветни мерки за елиминирање на штетните последици од загадениот воздух, кој секојдневно ги трујат граѓаните, а, пред сè, децата на Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-НП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...