fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да го сврти вниманието на јавноста со емоционалноста на темата

-

Очигледно е дека Зоран Заев и СДСМ, свесни за силата на доказите кои говорат за нивното незаконско работење и соочени со пропаста на нивното мрачно сценарио и со немањето поддршка од граѓаните, се обидуваат преку објавување незаконски стекнати, креирани, сечени и монтирани материјали, кои немаат врска со политички контекст и не индицираат никакво незаконско работење, да го свртат вниманието на јавноста само поради емоционалноста на темата на која, како и секогаш, ѝ даваат неточен вовед, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ.

„Заев не може да ја монополизира, присвои или наштелува вистината како што нему му одговара дури ни со овие креирани, сечени и монтирани материјали. Дури и со овие креирани, сечени и монтирани материјали што денеска ги објавуваше Заев, може да се констатира дека институциите на системот го пронашле сторителот на кривичното дело и го извеле пред лицето на правдата. И со овие креирани материјали се забележува дека институциите прво не биле свесни за постоењето на кривичниот настан зашто немало пријава, дека по првичните оперативни сознанија веднаш се пристапило кон темелна и сеопфатна истрага за наоѓање на сторителот, при што биле истражувани, анализирани и обработувани повеќе правци во истрагата, како и во секој кривичен случај. Обвинувањата, воведот и конструкциите на Заев се демантираат со неговите денеска објавени креирани и очигледно сечени материјали. Во сите креирани материјали се гледа барањето од сите политички фактори за брзо расчистување на убиството, пронаоѓање на убиецот и негово брзо вадење пред надлежните судски институции. Доколку се слушнат снимките без лажните воведи на Зоран Заев, јасно станува дека нема ништо прикриено во овој случај, туку, напротив, дека се бара брзо решавање“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ никогаш не ги расветлила сомнителните убиства и самоубиства на телохранителот Драган Глигоров, полицајката Тања Павловска, бизнисмените Наим Лесковица и Спирос Куцурелос, кои беа сведоци или засегнати со атентатот на Киро Глигоров, смртта на новинарот на „Глас“ и на „Дело“, Љупчо Атанасовски, кој ја критикуваше власта на СДСМ, на инспекторот Спасе Атанасов кој зборуваше за шверцот кон Србија, на Трајан Беќиров кој беше жртва на полициско насилство во пролета 2006 година, и на други лица кои починаа под неразјаснети околности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...