„Криминалецот Заев за својата лична амнестија за криминалите што ги сторил е решен Македонија да ја направи двојазична, да ги прогласи за геноцидни сопствениот народ и држава, да го промени името на државата по грчки терк и во крајна фаза да ја федерализира Македонија“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „криминалецот Заев сето ова го прави мошне отворено и без срам ги лаже сопствените граѓани и гласачи“.

„Мухамед Зекири од СДС лично потврди дека СДС прифатил сè од тиранската платформа. И Зијадин Села го демантира Заев, јавно кажувајќи дека без реализирање на тиранската платформа не влегува во влада. Зијадин Села е човекот од кого ќе зависи идното владино мнозинство на Заев, а кој јавно кажува дека македонската нација пред 100 години не постоела, дека не ги признава македонското знаме и химна и дека сака да ги смени и нив и Уставот. Криминалецот Заев молчи на ваквите изјави на својот иден владин партнер, како што молчеше и тој и СДС на антидржавните изјави на Еди Рама и на Дитмир Бушати“, се додава во соопштенето.