ВМРО-ДПМНЕ: Заев предлага заменик-министерка со романтичарски идеи за големи држави

-

Предлогот на Зоран Заев, госпоѓата Арта Точи да биде избрана за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, е скандалозен и ризичен за државата, оти предложената е лице кое тешко се помирува со реалноста и со постоењето на граници на Балканот, односно лице кое има романтичарски идеи и мечтае за големи држави, порача на прес-конференција денеска Владимир Нелоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Предложената Арта Точи е автор на трудот „Границите како мит“, во кој пишува за конференцијата во Лондон одржана во 1913 година, каде е донесена одлука за формирање на албанското кралство. Според неа, делови од Албанија не биле вградени во нејзините административни граници. Во трудот Точи нагласува дека на Балканот границите имале поинакво значење и димензии и додава дека во тие околности границите биле линија на отуѓување на еден јазик и на еден народ, со кои се создале приказни со многу болка и одделеност. Ваквите сфаќања се исклучително опасни кога доаѓаат од лице што Заев смета дека треба да биде заменик-министер за надворешни работи. Основна задача на заменик-министер за надворешни работи е да ги штити македонските национални интереси, да се бори за признавање на земјата под нејзиното уставно име и да ги брани меѓународните позиции, а не да ги спори границите како линија на отуѓување на еден јазик и на еден народ – рече Нелоски и побара Заев да го преиспита решението.

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Цариниците заплениле дрон, детски електрични автомобили и цигари

Царинските службеници минатата недела откриле неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, детски електрични автомобили. Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена...