fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја покажа намерата за редефинирање на државата

-

Аболираниот криминалец Зоран Заев не собра храброст да се огради и да ја отфрли тиранската платформа и да каже дека нема намера да води тиранска влада базирана врз платформата, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека Заев се обидува да ја изманипулира јавноста со најавите дека ако го добие мандатот, ќе продолжи да дебатира по точките од тиранската платформа, за воведување двојазични банкноти и монети, двојазични униформи, прогласување геноцид, промена на државните симболи и слично.

„Ова ја покажува, всушност, намерата на Зоран Заев, која претходно ја најавуваа и т.н експерти од СДСМ, преку наводни дебати и консултации на партиски експерти, па дури и странска помош, да подготват редефинирање на државата“, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, револтот на граѓаните е сè поголем поради неискреноста на претседателот на СДСМ, гласале едно на изборите, а сосема друго добиле со, како што наведуваат, „тиранската платформа од која, како што гледаме, Заев не се откажува“.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Заев да се откаже од платформата или да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните.

„Го охрабруваме Зоран Заев уште еднаш да се откаже од уцената. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од тиранската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за малцинска влада. Втората опција која му стои на располагање е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните, на кои граѓаните ќе може демократски да изберат програма, платформа, вклучително и онаа од Тирана, доколку во неа верува Зоран Заев“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...