Извор: Скриншот од видео на ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ утре со почеток во 11:30 часот ќе протестира пред Министерството за здравство. Од партијата бараат оставка на министерот за здравство Венко Филипче, за како што велат „неспособноста која убива“.

„Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини. Затоа ќе протестираме и оваа сабота. Да го измиеме срамот на Филипче и Заев. Да повикаме оставка на Филипче за спас на народот“ стои во соопштението на партијата.