fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Универзитетот „Дамјан Груев“ ќе го зголеми квалитетот на образованието

-

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на координаторот на пратеничката група на СДСМ, посочува дека тие дале поддршка за дополнување на Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“ заради подигнување на стандардите за наставно-научниот кадар и за другите вработени кои треба да придонесат за поголем квалитет и за интернационализација на универзитетот.

– Сметаме дека со овие дополнувања на Законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ значително ќе се придонесе за подигнување на квалитетот на наставно-научниот кадар, а истовремено и за квалитетот на образовниот процес. Се посочува дека со овие дополнувања на законот, наставата на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ ќе може да се изведува и на еден од официјалните јазици на Европската Унија. Високообразовната, научно-истражувачката и апликативната дејност на факултетите што се во состав на универзитетот ќе може да ја изведува само наставно-научен кадар од универзитет од првите 500 највисоко рангирани високообразовни установи од последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при шангајскиот универзитет „Џиао Тонг“ или од последната објавена листа од Куаскарели Комондс (Quacquarelli Csmonds) од Велика Британија, како и акредитирана високообразовна установа на еден од првите 200 најдобро рангирани универзитети од соодветното научно подрачје – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Друго значајно дополнување на оној закон, според нив, е подигнување на стандардите за наставниците и за соработниците кои покрај условите предвидени со Законот за високо образование ќе треба да исполнуваат и дополнителни услови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...