ВМРО-ДПМНЕ соопшти 25 кандидати за градоначалници, за Скопје уште анализираат

Иако повеќето од најавените кандидати се на власт цел мандат, а партијата е речиси една година на власт и на централно ниво, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во следниот период ќе се одлучува за тоа дали Македонија целосно ќе се стави на патот за трансформација и дека доаѓа ново време

-

На седница одржана во среда вечерта, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници кои ќе ја претставуваат партијата на претстојните локални избори закажани за октомври. Меѓу кандидатите се голем број актуелни градоначалници кои ќе бараат втор мандат. Според ВМРО-ДПМНЕ, анкетите покажуваат дека партијата и нејзините кандидати водат убедливо во општините каде што се предложени. Освен информација дека се прават анализи за нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, сè уште нема повеќе детали за нивните кандидати во останатите 55 општини во државата.

Партијата истакна дека сите избрани кандидати го имаат поминато „тестот на граѓаните“ и дека станува збор за веќе докажани луѓе во општинската работа. Меѓу најавените кандидати за нов мандат се актуелните градоначалници на Битола, Тони Коњановски, на Кавадарци, Митко Јанчев, на Охрид, Кирил Пецаков, на Велес, Марко Колев, на Штип, Иван Јорданов, како и на Гевгелија, Андон Сарамандов. Во скопските општини со повторна кандидатура ќе настапат Дејан Митески во Аеродром, Дарко Костовски во Бутел и Александар Стојкоски во Ѓорче Петров.

Меѓу останатите кандидати се Зоран Бајовски во Чучер-Сандево, Дејан Владев во Свети Николе, Виктор Паунов во Карбинци, Киро Нацков во Градско, Коста Маневски во Зелениково, Александар Ѓоргиевски во Илинден, Златко Ристов во Конче, Иван Гоцевски во Делчево, Ѓорге Божинов во Ново Село, Славе Андонов во Василево, Ристо Манчев во Босилово, Петар Ружински во Берово, Борче Митевски во Петровец, Спасе Кочовски во Вевчани, Јовица Илиевски во Брвеница и Димитар Костадиновски во Јегуновце.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сè уште прават анкети и анализи за кандидат за градоначалник на Град Скопје. Во игра се повеќе имиња, меѓу кои министерот за локална самоуправа Златко Перински и актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Од партијата порачуваат дека процесот на избор на кандидати за општинските совети е во тек преку месните и општинските комитети, а можност за вклучување имаат и граѓаните кои не се партиски определени, преку предлози за советници. Иако повеќето од најавените кандидати се на власт цел мандат, а партијата е речиси една година на власт и на централно ниво, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во следниот период ќе се одлучува за тоа Македонија дали целосно ќе се стави на патот за трансформација и дека доаѓа ново време.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...