fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Со запирањето на изградбата на автопатиштата, СДС подготвува криминал

-

Запирањето на изградбата на автопатиштата од страна на владата на СДС отвора сериозен сомнеж дека се подготвува криминал, изјави денеска Снежана Стефановска од окружниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Имено, штом првата одлука на министерот за транспорт е запирање на изградба за која се обезбедени пари, многу јасно е дека борбата е некои други фирми, блиски до СДС, надвор од законите да го добијат милионскиот бизнис. Токму затоа министерот Сугаревски и владата се служат со комплетни лаги, но и лагата им се распрснува како меур од сапуница. Тие посочија дека биле направени грешка во проектирање, а проектот е изработен и поради недостиг од капацитети и способност оставен како нереализиран за време на мандатот на владата на СДС 2002 до 2006 година. На крај, пред да почне градбата и откако владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди средства, ревизијата го одобри изработениот проект. Совршено е јасно дека СДС е фатен во офсајд и зад прекинот се крие неспособноста на СДС да го реализира конкретниот проект и нивната одлучност да прават криминал од понатамошната негова реализација – вели Стефановска.

Стефановска порача дека кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ќе продолжи со градбата на автопатишта и ќе го догради автопатот кој, како што рече, СДСМ сега го блокира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...