fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со закани кон СЈО и кон СДСМ за притворот за Кочан

-

„ВМРО-ДПМНЕ со внимание и одблиску ги следи тенденциите на партискиот разгранок на СДСМ наречен СЈО, како и на Зоран Заев и на неговите сценаристи, но и на и судиите што се под влијание или под притисок на СДСМ, во случајот со обидот за незаконско одредување притвор на сопственикот на телевизија „Нова“, Сеад Кочан ,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, постапката против Кочан има три јасни цели.

„Прво, притисок и по можност згаснување на телевизија „Нова“. Второ, испраќање порака и заплашување на сите медиуми што не мислат како аболираниот криминалец Зоран Заев и неговите сценаристи, дека ако не ја сменат уредувачката политика по желба на Заев, СЈО и на нивните сценаристи, ќе се соочат со политички прогон, притвори и со други чекори кои не се засновани на закон и на владеење на правото, откако претходно ќе биде извршено влијание врз судиите. Трета цел е заплашување на припадниците на етничките заедници кои не се согласуваат со политиките на Зоран Заев и со прифаќањето на тиранската платформа, која значи губење на мултиетничкиот карактер на државата и градење на бинационална држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, овој чин е обид за задушување на демократијата и на медиумските слободи во Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува судиите, независно дали се под притисок на СДСМ или, пак, од која било причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат во согласност со законот и со Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и на СЈО. Секое незаконско работење ќе подлежи на одговорност и секој во оваа држава треба да е еднаков пред законите, вклучително и судиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека „ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест против обидот за задушување на овој медиум и на демократијата и слободата на медиумите и истовремено закана кон другите медиуми, каде веќе се врши тортура од СЈО, ќе ги преземе сите расположливи политички и демократски мерки и чекори во правец на спречување на недемократско однесување на СДСМ која е на власт во СЈО и целосно управува со него и го контролира“.

„Незаконското одредување притвор под притисок на СЈО, СДСМ и на Заев, на сопственикот на овој медиум, дополнително и многу сериозно ќе ја продлабочи политичката криза во земјата. Уредувачката политика на телевизија „Нова“ многупати не е по вкус на ВМРО-ДПМНЕ, но ВМРО-ДПМНЕ ги почитува медиумските слободи и соработува со сите медиуми, вклучувајќи ги и најкритичките од нив, за разлика од Заев кој јавно на прес-конференција ги прогласи за непријатели медиумите кои не мислат како него“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...