fbpx

ВМРО-ДПМНЕ со 43 приговори до ДИК, Левица, Алијанса за Албаниците и ТМРО по еден

-

До Државната изборна комисија пристигнале вкупно 46 приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите од локалните избори, кои се одржаа во неделата, на 15 октомври.
Најмногу приговори – 43 поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а по еден приговор поднеле ТМРО, Алијансата за Албанците и Левица.

Рокот за поднесување приговори за постапката за гласање истече вчера во 19 часот, а рокот за постапката за сумирање и за утврдување на резултатите од гласовите истече синоќа во 2 часот по полноќ.

Денеска се очекува претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, да свика седница на која ќе бидат разгледани приговорите за изборите.

ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

Во првиот круг од изборите, СДСМ освои 38 градоначалнички места, три места освои ВМРО-ДПМНЕ, двајца градоначалници се од редовите на ДУИ, двајца се независни, а еден градоначалник во следните четири години ќе биде од Демократската партија на Турците во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...