fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Штетата што СДСМ ја остави зад себе не е виртуелна, реална е

-

Не сме сигурни дека во СДСМ конечно научија што значи зборот „виртуелност“, кој нивниот претседател често знае да го помеша со терминот „виртуозност“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

„200.000 луѓе на улица колку што остави СДСМ не се виртуелни. Реални се. 700 затворени индустриски капацитети од страна на СДСМ не се виртуелни. Реални се. Празните ливади на кои Заев ветуваше индустриски зони во Струмица не се виртуелни. Реални се. Соодносот два спрема еден во корист на ВМРО-ДПМНЕ не е виртуелен. Реален е. Падот на рејтингот од 30 проценти за само четири месеци кај Зоран Заев од бедни 7 отсто на мизерни 5 отсто не е виртуелен. Реален е. Убедливите порази на СДСМ девет изборни циклуси по ред не се виртуелни. Реални се“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека обидите на Кире Наумов да го спречи исплаќањето на пензии и на социјална помош за да придонесе да ја види Македонија каква што ја остави СДСМ, дестабилизирана и парализирана, не се виртуелни, туку реални.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...