fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов зема 700 евра кирија од непостоечки стан

-

Александар Стојкоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција го повика портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, да објасни како од непостоечки имот на неговата сопруга, тој месечно добива 700 евра закупнина.

– Петре Шилегов во својот анкетен лист, покрај другите луксузи, имоти и приходи, под ставката „други приходи“ навел дека добива месечна закупнина од имот на брачен другар во висина од 43.000 денари, односно, околу 700 евра. Во анкетниот лист на господинот Шилегов воопшто не е наведено дека неговата сопруга поседува каков било недвижен имот, но тоа не му пречело да наведе дека од непостоечки имот, според приложеното во Државната комисија за спречување на корупцијата, тој остварува приход од 700 евра секој месец – рече Стојкоски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...