fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлучено дали ќе го бојкотира референдумот

-

Заев одлучи на сила да турка прашање кое е бесмислено и повеќезначно, само за да ја покрие капитулацијата во преговорите со Грција и прифаќањето на капитулантски договор со кој се исполнуваат грчките црвени линии и се прават отстапки какви што нема направено ниту еден политичар во историјата на Република Македонија, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на денешната прес-конференција.

-Срамно е поистоветувањето на историскиот референдум од 1991 година со приватниот референдум што Заев си го распишува сега. Тогаш сите политички партии постигнаа консензус за референдумот, а граѓаните одлучуваа за независна Република Македонија. Сега ниту има консензус, а се бара граѓаните да гласаат за бришење на Република Македонија, на нејзината традиција, историја и култура – вели Јанушев.

Јанушев одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во наредните денови ќе биде донесен официјален партиски став дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира референдумот на 30 септември.

-По донесување на официјален став на раководството на партијата јавноста ќе биде информирана. Тоа ќе биде во наредните денови – рече Јанушев, кој изјавите на дел од членството на партијата за бојкотирање на референдумот ги оцени како демократско право.

Јанушев не сакаше да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени доколку биде референдумот успешен односно ако биде постигнат цензусот од 50 отсто плус еден и мнозинството граѓани гласаат „за“.

-Да бевме СДСМ ќе се нафатевме да одговараме на хипотетички прашање, но не сме. Да почекаме како ќе се одвиваат работите – додаде Јанушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...