fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само на зборови сака инклузивност и соработка со опозицијата

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ за самоволие и дека нема ништо од ветувањата за инклузивност и за соработка со опозицијата.

– СДСМ мора да престане да се однесува како да се сопственици на Собранието на Република Македонија и да почне да се однесуваат како парламентарно мнозинство во една парламентарна демократија. Каде е демократијата која од уста не ја вадеа додека беа во опозиција? Ова не е демократија, ова е самоволие и обид за присвојување на сите процеси што се случуваат во Република Македонија – изјави пратеникот Драган Данев.

Тој истакна дека СДСМ преку блокада на амандманската расправа и бројните бесмислени реплики не дозволи сериозна и содржинска дебата, поради што мал број амандмани биле разгледани и образложени.

– Од вкупно 706 амандмани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија и нешто повеќе од стотина амандмани од страна на другите партии во опозиција, Комисијата за финансирање и буџет разгледа само 62 амандмани, односно преку одлговлекување и блокирање на расправите СДСМ имаше јасна цел, а тоа беше разгледување на што помал број на амандмани – рече Данев.

Тој исто така додаде дека поминатите амандмани биле предложени од парламентарното мнозинство и дека ниту еден амандман од опозицијата не бил прифатен.

– Ова претставува јасен показател за начинот на кој СДСМ планира да владее и да ја води државата. Неприфаќањето на ниту еден амандман на опозицијата од страна на СДСМ исто така е еден од ретките случаи кога парламентарно мнозинство на таков арогантен и игнорантски начин ја третира опозицијата – рече Данев.
Тој исто така порача дека ако владејачката партија навистина сака вклученост на позицијата во сите битни одлуки за државата, тогаш треба зборовите да ги покажат на дело, односно да покажат дека се спремни за соработка и инклузивност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...