fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ по вторпат во борба за власт го витка ’рбетот

-

„Време е да сопре очајничкото однесување на Зоран Заев и на СДСМ, кое оди против волјата на граѓаните. Целата јавност гледа дека Зоран Заев е подготвен „да ја свитка кичмата“ за личниот интерес и за болната желба за власт“, порача во соопштение претпладнево ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата вели дека СДСМ не постапувал така првпат, оти „во 2004 година го донесоа Законот за територијална поделба за да се дограбат до функцијата претседател, а граѓаните на Република Македонија, особено на Струга и на Кичево, и ден-денес ги трпат последиците“. ВМРО-ДПМНЕ во соопштението ја повтори својата понуда од викендов да поддржува малцинска влада на СДСМ, доколку партијата се откаже од „албанската платформа“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...