fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја креираше нееднаквоста во македонското општество

-

„Со ефективната даночна стапка од 7,4 отсто, македонските граѓаните и фирми плаќаат најниски даноци во светот. Тоа е причина странските инвеститори да дојдат во земјава и да отворат нови работни места. Тоа е причина и домашните фирми да инвестираат и да отворат нови работни места“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која, за разлика од СДСМ, креира политики за подобрување на еднаквоста на граѓаните. Во СДСМ се тие што ја креираа нееднаквоста во македонското општество, најпрво со погрешната криминална приватизација со која затворија повеќе од 680 фабрики и отпуштија повеќе од 200.000 граѓани, кои со своите семејства беа на работ на егзистенцијата и едвај преживуваа, и, второ, во нивно време богатите олигарси од врхушката на СДСМ не беа оданочувани и целиот товар го носеа обичните граѓани“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...