ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да се занимава со укинување и со забранување

-

„Единствените проекти што СДСМ ги нуди во предизборниот период се сведуваат на зборовите „ќе укинеме“, „ќе урнеме“, „ќе избркаме“, „живи луѓе ќе јадеме“. Тоа е изборот што им го оставаат на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое е реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на СДММ, Дарко Каевски, кој најави укинување на екстерното тестирање.

„СДСМ по којзнае кој пат со евтин популизам сака да оспори една реформа која како позитивна практика се применува во голем број европски земји. Бидејќи во СДСМ владее стравот и очајот од престојните избори, на кои сè поизвесно е дека ќе доживеат катастрофален пораз, мораат да излегуваат со празни и со неаргументирани обвинувања наместо да понудат конкретни мерки или проекти кои значат подобрување на образовниот процес. Граѓаните, а особено младите знаат дека реформите и проектите во образованието што ги презеде Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период ќе дадат резултат на среден и на долг рок“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека редно време е СДСМ да престане да се занимава со укинување, забранување или прекинување, туку да се потруди да напише барем еднаш во својата партиска историја еден конкретен проект или програма во образованието.

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...