fbpx

ВМРО-ДПМНЕ реши да ја замрзне комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски (галерија)

-

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги прекине релациите со претседателот на државата Стево Пендаровски. Таа одлука ја соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако вчера заедно со повеќе пратеници од партијата се појави пред претседателската вила на Водно и побара средба со претседателот.

„ВМРО-ДПМНЕ од овој момент ја замрзнува комуникацијата со Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на претседателот“, изјави Мицкоски по средбата.

Според него, институциите се приватизирани и заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните.

„Пратеникот Зоран Заев го доби мандатот откако го уверил претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство“, рече тој додавајќи дека сè уште не се исцрпени сите опции за фомирање влада и најави дека деновиве партијата ќе информира за сите потези што ќе ги преземе како коалиција.

По средбата со Мицкоски, претседателот Пендаровски изјави дека врз основа на Уставот, рокот за доделување на мандат започнува да тече од денот на верификација на мандатите на 120-те пратеници.

Според Уставот, претседателот во тој период е должен да го довери мандатот на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието, или пак на оној којшто го уверил дека преговара со повеќе политички партии за обезбедување мнозинство.

„Од верификацијата на мандатите почнува броењето на десетте дена во кои претседателот е должен да го даде мандатот, односно, дека тоа не е опција, туку мора да го стори тоа, според членот 90 од Уставот, кој вели дека претседателот е должен да го даде мандатот“, рече претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека ако во следните 20 дена, претседателот на СДСМ Зоран Заев не успее да формира парламентарно мнозинство, тогаш мандатот ќе го добие претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

СДСМ во соопштение посочи дека се очајни обидите на Христијан Мицкоски да пронајде алиби за третиот негов последователен пораз на изборно соочување. „Согласно Уставот, претседателот Зоран Заев го добива мандатот како претставник на СДСМ и „Можеме“ кои имаат најголем број пратенички места во Собранието“, стои во партиското соопштние.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...