fbpx

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја актуелизира теоријата на заговор за т.н. „Тиранска платформа“

-

На 21 јануари 2020 година потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за Алфа ТВ изјави дека „Заев се надева на Тиранска платформа 2“ како дел од негово „капитуланството и предавството на сопствениот народ“.

„Тиранската платформа“ е теорија на заговор промовирана од страна ВМРО-ДПМНЕ и нејзините странски поддржувачи од Русија и Србија на почетокот на 2017 година, откако таа не успеа да освои мнозинство од 50% пратеници на изборите во декември 2016 година.

Се работи за измислица чија цел е поттикнување омраза кон етничките Албанци и нетрпеливост и вознемиреност кај другите етнички заедници, во прв ред меѓу Македонците, а потоа и кај другите балкански народи.

Првобитна верзија на оваа приказна беше дека формирањето на коалициона влада составена од дотогашната опозициона партија СДСМ, со ДУИ и други партии на етничките Албанци ќе доведе до уништување на Македонија како држава и присоединување на нејзини делови кон Албанија.

Пропагандата за „Тиранска платформа“ беше активирана како форма на притисок за нарушување на меѓуетничките односи, во периодот на постизборно убедување партијата ДУИ да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и да формираат влада. По долготрајни преговори ДУИ ја одби понудата заради неприфаќањето на условот за опстојување на Специјалното јавно обвинителство, кој беше дел од „Заедничката платформа на албанските парламентарни партии во Македонија“за приоритетите на идната влада.

Овој документ објавен на 7 јануари 2017 година (чиј целосен текст е достапен на веб-сајтот на ДУИ на македонски и албански јазик) ги претстави заедничките ставови на три партии на етнички Албанци (ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата на Албанците) договорени преку низа средби меѓу кои и една одржана во Тирана во текот на претходниот декември. Другите услови од декларацијата се албанскиот јазик да добие статус на официјален јазик на државно ниво, економска рамноправност и рамномерен регионален развој,  унапредување на доброседските односи, учество на албанските партии во преговорите за решавање на спорот со Грција и покренување јавна дебата за низа други теми.

Според искази од ДУИ, сите тие услови, освен оној за продолжување на работата на СЈО, кое веќе имаше покренато обвиненија против функционери од владата и партијата предводени од Никола Груевски, биле прифатени од ВМРО-ДПМНЕ во текот на неуспешните преговори кои траеја до 29.01.2017 година.

Ниту еден од потписниците никогаш не го има користено терминот „Тиранска платформа“. Неговото користење го промовираа политичари од ВМРО-ДПМНЕ, Русија и Србија, како и медиуми поврзани со тие режими.

Така, во текот на 2017 и 2018 година, Министерство за надворешни работи на Руската Федерација има објавено дури 6 официјални соопштенија во кое терминот „Тиранска платформа“ го поврзува со терминот „Голема Албанија“ – концепт за освојување територии, кој кај припадницте на други народи треба да предизвика негативни чувства кон Албанците.

На пример, по белградската средба со српскиот претседател Александар Вучич во февруари 2018 година рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјавил дека се „загрижени од пасивноста на ЕУ во врска со иницијативата од Тирана за „Тиранска платформа“  која претставува експлицитен повик за создавање на Голема Албанија“.

Вистината е дека во оригиналниот текст на „Заедничката декларација на албанските парламентарни партии во Македонија“ нема никаков повик за создавање на Голема Албанија, туку напротив со него се афирмираат „просперитетот и долгорочната стабилност на Македонија“ како заедничка држава на сите нејзини граѓани.

Руската агенција во државна сопственост „Спутник њуз“ има објавено 17 текстови на англиски и 54 текстови на српски јазик со кои се промовира тезата на владата на Путин, заедно со застрашувачки пропагандни пораки од типот „НАТО сака да види крв на улиците на Македонија“. Во меѓувреме, верзии на оваа теорија на заговор беа ширени од страна на српски политичари и медиуми и во контекст на конфликтот со Косово.

Три години подоцна, исполнувањето на клучните делови од оваа декларација, како менувањето на законскиот статус на албанскиот јазик, не доведе ниту до „албанизација“ на Република Северна Македонија, ниту до нејзина поделба – распад, ниту до присоединување територии кон соседни држави. Напротив, со исклучок на партии кои се поврзуваат со руска и српска политичка поддршка, во земјата владее консензус дека со завршување на процесот за формално придружување на НАТО во текот на 2020 г. се намалуваат безбедносните ризици и се подобрува можноста да ги оствари и другите долгорочни стратешки интереси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...