fbpx

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев за поткуп при избори

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, за како што наведуваат, повик на поткуп при избори на јавен митинг во Крива Паланка. Од партијата истакнуваат дека тоа е спротивно на чл. 160 и чл. 162 од Кривичниот законик.

-Ја поднесовме кривичната пријава од причина што јавниот обвинител не постапи согласно своите надлежности кои што се предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка, односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас – изјави Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од пред седиштето на Основно јавно обвинителство.

Од партијата соопштуваат дека во склоп на кривичната пријава доставиле и видео материјал во кој се слуша како Заев јавно повикува на поткуп и каде се слуша дека сопственикот на компанијата „Минстрој“ веќе му ветил дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот референдум.

-Целта ни е да докажеме дека никој не е над законот, па ниту Зоран Заев. Дополнително, сакам уште еднаш да потенцирам дека граѓаните на Република Македонија се слободни при својот избор, при донесувањето на своите одлуки, и никој ама никој не може да ги натера со сила, со поткуп со уцени или со закана да излезат да гласаат на претстојниот референдум или пак на било кои избори. Туку тоа свое право, кое што е демократско право, загарантирано право, свето право можат да го искористат единствено самите согласно сопствената одлука.– додава Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...