Фото: Принтскрин, ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, информираше пратеникот Антонијо Милошски.

„По однос на Интерпелацијата за заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров имаме неколку основи. Првиот основ којшто е многу сериозен е неговото непочитување на Собранието. Никола Димитров е еден од ретките министри во Европа, со исклучот на министерот можеби во Белорусија, којшто не се одзива на покани на пратениците во Собранието“ изјави Милошоски.

Како втората причина за интерпелација на Никола Димитров, Милошоски го наведе неговиот „неуспешен исход во изминативе 100 дена но и во изминативе 2 ипол години во континуитет.“

Како трета причина тој ја истакна „пасивноста на Секретаријатот за европски прашања.“