fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на Заев сака да ја сокрие површноста на доказите

-

Откако материјалите околу кои СДСМ се обиде да изградат случај наидоа на потсмев на социјалните мрежи и во пошироката јавност, сега партијата на Заев сака да ја сокрие површноста на доказите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

„Денес СДСМ нè повикува да не ги гледаме снимките и воопшто да не се обрнува внимание на нив, демек, снимките сега не се важни, а всушност самите тие ги пласираат преку своите медиуми. Ова говори за нивниот аматеризам, но и за концептот за работа на СДСМ, концепт на манипулации. Со ова СДСМ сака да ја затскрие површноста на доказите и се фокусира кон манипулација. СДСМ со ова се вади од кашата во која сами се заплеткаа. Со ова СДСМ покажува дека се подготвени на сè, па дури и со снимки и со фотографии кои предизвикуваат потсмев, само за да извлечат некаква политичка корист“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека очекуваат надлежните инстутуции да ги утврдат фактите и да придонесат за расветлување на сите околности за случајот во кој „Фокус“ неодамна објави видеозапис на кој прикажува „фабрика за пасоши“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...