Извор на фотографија: ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ планира да ја спроведе иницијативата за собирање на потписи од граѓаните за поништување на Законот за попис, како што најави уште пред неговото донесување во Собранието. Законските процедури започнуваат од утре, а собирањето на потписите на почетокот на март, изјави денеска претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, при средбата со занаетчиите во Старата Скопска чаршија. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од идејата за собирање на потписи за укинување на Законот.

„Ја разгледавме процедурата за собирање на потписи и таа започнува со иницијатива од 100 пописи во подрачните единици на ДИК. Во текот на утрешниот ден ќе ја започнеме оваа постапка. Очекуваме формалното собирањето на потписи да започне  некаде на почетокот на следниот месец, бидејќи такви се законските процедури“, изјави Мицкоски.