ВМРО-ДПМНЕ обвини, а сите демантираа дека имало местење тендери за партнерот на Царовска

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека фирмите на Горан Георгиев, неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во четири очи добиле три договори во милионски износ за набавки дронови. Обвинувањата беа демантирани и од Министерството за труд и социјална политика и од МЕПСО, а и од фирма на Георгиев.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Царовска во анкетниот лист не го пријавила имотот на нејзиниот партнер, иако според законите, била должна тоа да го направи.

– Невенчаниот сопруг на Царовска, Георгиев, е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ. Како што објавија медиумите фирмата на неформалниот сопруг на Царовска добила 1,5 милиони денари на име набавка на дронови. Дали милионските тендери се причината поради која Царовска не го пријавува имотот на нејзиниот невенчан сопруг? Дали преку невенчаниот сопруг на Царовска се прекршува законот за да се добиваат државни пари во четири очи без распишани тендери? Дали на тие сметки се таложат парите кои јавноста не треба да ги гледа, а ги плаќа од свој џеб? – праша на прес-конференција Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за труд и социјална политика ги демантираше овие наводи, велејќи оти е неточно дека Царовска согласно законите морала да го пријави имотот на Георгиев, притоа цитирајќи законски членови. Сепак, иако не постои обврска, министерката наскоро во Анкетниот лист во Антикорупциска ќе го додаде имотот на нејзиниот неформален партнер.

„Иако законски не е обврзана, министерката Царовска заради транспарентност кон јавноста околу имотот на неформалниот сопруг во најбрз можен рок ќе го пријави во анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корупција. Тој во своја сопственост има една гаража од 25 м2 и една парцела земја во кочанско од 1.000 м2“, се вели во демантот.

На прес-конференцијата и на написот на „Лидер“ реагираше и државната компанија МЕПСО, која беше обвинета дека со фирмата „Флај Кем ДООЕЛ“ на Георгиев незаконски и без тендер склучила договор.

„Договорот за набавка на стоки „Специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонредни прегледи на далекуводи“ е склучен откако во целост е спроведена соодветна транспарентна постапка за јавна набавка согласно со Законот за јавни набавки. Имено, договорот со правното лице „Флај Кем ДООЕЛ“ е склучен откако е објавен тендер на кој на е-аукција компанијата дала најповолна цена за набавка на 4 дронови и за обука на лица од МЕПСО за управување со тие уреди. Дополнително аргумент во полза на тоа дека е добиена поволна понуда е тоа што планираната вредност на набавката била 922.500 денари, а набавката е реализирана за вредност од 779.980 денари со вклучен ДДВ“, порача МЕПСО.

Со речиси идентична реакција се огласи и „Флај Кем ДООЕЛ“.

„На секоја од трите наведени јавни набавки кои се посочуваат, нашата компанија уредно учествуваше на електронска аукција согласно законот. Лагата е дотолку поголема ако се земем предвид фактот дека на секоја од трите електронски аукции учествуваа по повеќе компании. За ова тврдење во прилог на овој демант ги доставуваме официјланите документи од електронските аукции. Истите може да се проверат со секоја од институциите поединечно“, стои во реакцијата од фирмата.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...