ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме донесување решенија спротивни на државните интереси

-

Доколку СДСМ и Зоран Заев се сигурни дека прифаќањето на сеалбанската платформа е добро за иднината на Македонија и таа би била поддржана од граѓаните, нека прифатат распишување на нови избори на кои би се гласало и за платформата од Тирана, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, а по одлуката на централното претседателство на ДУИ, партијата да влезе во влада предводена од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на декемвриските избори граѓаните не гласале за платформата од Тирана и дека таа или која било платформа подготвена во туѓа држава не може и не смее да стане услов за формирање на влада во Република Македонија.

„СДСМ е уценет за да ја прифати платформата и да работи на наоѓање начини истата да се реализира. Помалку е важно со што е уценет Зоран Заев и СДСМ. Многу поважно е да се спречат последиците од уцената и спроведувањето на платформата. Тие ќе значат редефинирање на Македонија и носат ризик за да предизвикаат тензии. Доколку Зоран Заев не е сигурен во сопствениот рејтинг и во поддршката, сметаме дека СДСМ треба да ја отфрли платформата и да се откаже од реализацијата на сите елементи од неа кои водат кон формирање на бинационална држава. Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ ќе му ги даде своите гласови на СДСМ за да формира влада, каква што сака, но без уцени и прифаќање платформи кои предизвикуваат далекусежни штети“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека таа чувствува обврска „да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата за подобра Македонија“ и дека „заради почитта кон нив и стратешката определба, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси“.

Гореше депото на МЖ – Транспорт во Лисиче

Пожар ноќеска избувна во магацинскиот простор за стари и неисправни вагодни во објектот на Македонски железници – Транспорт (МЖ – Транспорт) во Лисиче. Пожарот избил нешто по 1 часот по...