fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Заев е затруен плод на затруено дрво

-

Криминалецот Зоран Заев веќе нема простор од една страна да го лаже народот за заштита на националните интереси, а од друга да дава ветувања за реализација на тиранската платформа затоа што јавно се обврза дека ја отфрла платформата, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното редовно утринско соопштение.

„Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ. Народот секогаш победува. Истрајноста и упорноста во барањата да се отфрлат туѓи платформи, дадоа плод. Доколку Заев одлучеше да се откаже од тиранската платформа уште кога му беше понудено од ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија немаше непотребно да биде заглавена во криза изминативе месеци“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека мандатот на Зоран Заев е затруен плод на затруено дрво и дека неговото неодговорно и деструктивно однесување нема иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...