fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери

-

Опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација против претседателот на Собранието, Талат Џафери. За ова денеска информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој вели дека Џафери има диктаторски и непринципиелни методи со кои го води законодавниот дом.

„Овој човек нема почит спрема никого, ниту спрема собраниската служба која ја вреѓаше и пцуеше на најбезобразен начин, ниту спрема пратениците за кои се дрзна да им го ограничи правото на движење и ги заклучи во пленарната сала“, изјави пратеникот Мицевски, кој гo повика и на реакција премиерот Димитар Ковачевски да се изјасни за однесувањето на Џафери.

Премиерот Ковачевски денеска беше во Собранието на РСМ и во одговор на пратеничко прашање на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека тој не е портпарол на претседателот на Собранието. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ го повика претседателот на Владата да го осуди однесувањето на Талат Џафери.

„Уште првиот пат кога дадов изјава, реков дека не можам да му наредувам на Собранието на кој начин ќе го спроведува Етичкиот кодекс на однесување, туку за тоа постои соодветна Комисија. Исто така, не може на пратениците некој од надвор да им ги закажува седниците. Поради бојкотот на опозицијата во Собранието, голем број седници се откажани и голем број законски решенија не се носат. Ако може премиер да се јавува и тогаш веднаш да ги закажуваат седниците, тогаш да воспоставивме таква пракса. Но не може закажување на некоја седница, а на некоја не, да биде исклучок само затоа што некому тоа му одговара“, изјави премиерот Ковачевски.

Од Собранието на РСМ попладнево излегоа и со реакциja на обвинувањата на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тие отфрлаат дека претседателот на Собранието постапува спротивно на Деловникот и тврдат дека токму собранискиот деловник ги демантира нелогичните обвинувања дека претседателот Џафери сторил нешто надвор од своите надлежности.

Од законодавниот дом соопштуваат дека во текот на вчерашниот ден вратите на собраниската сала биле затворени за да можат собраниските служби да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно дали има кворум за да се премине на гласање.

„Со оглед на тоа што во салата со куполи, каде што во овој период се одржуваа пленарните седници нема соодветна опрема, се воспостави пракса координаторот да составува листа од присутни пратеници пријавени за збор“, се наведува во соопштението на Собранието на РСМ.

Тие објаснуваат дека деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници. Поточно, членот 97 од Деловникот на Собранието на Република Македонија предвидува дека за време на поименичното изјаснување на пратениците, вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците додека трае поименичното изјаснување.

„За време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување“, објаснуваат од Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...