fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Министерство за правда во 18 часот

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика своите активисти и симпатизери да излезат и да им дадат поддршка на „патриотите“ и да искажат револт кон „политичкиот прогон на власта“, во врска со вчерашните апсења на партиски функционери, осомничени за настаните во Собранието од 27 април годинава.

Од опозициската партија најавуваат дека од 15 до 17 часот ќе ги блокираат крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, Порта Влае, крстосницата помеѓу булеварите Јане Сандански и Србија во Ново Лисиче и крстосницата кај Рампа во населбата Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот ќе организира протест и пред Министерството за правда, каде од партијата најавија дека ќе има повеќе обраќања пред присутните.

„Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам. Целата оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период“, велат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...