fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ бројат пратеници од спротивните редови против уставните измени

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека има пратеници од СДСМ кои нема да гласаат за уставните измени, додека од СДСМ возвраќаат дека математиките на Мицкоски во неколку наврати досега се покажале како погрешни

-

Двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска броеја пратеници во противничките редови, за кои тврдат дека немало да го испочитуваат ставот и ќе гласаат спротивно од партискиот став во однос на уставните измени во Собранието на РСМ.

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната прес-конференција лиферуваше информација дека премиерот Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ не можеле да ја контролираат претеничката група на СДСМ, односно дека девет пратеници не се согласуваат со уставните измени, по што лидерот на СДСМ свикал групна кординација со пратениците.

„Ова се дискутирало на средбата пред неколку дена во централниот штаб на СДСМ која имала тензичен и непријатен карактер, на која тој потенцирал дека доколку излезат во јавноста пратеници од СДС кои се против уставните измени тоа може да ги натера албанските коалициони партнери да ја прифатат идејата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори оваа година. Оттука, дали е точно дека тој побарал од пратениците да излезат со заеднички став и документ кој ќе биде потпишан од секој од нив поединечно дека безусловно ќе гласаат за уставните измени и влез на Бугарите во Уставот како и да се формулирани тие“, праша портпаролката Митева.

Таа тврди дека документот имале во план да го објават вчера со што би ги демантирале изјавите на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не се случило поради изричното несогласување на веќе споменатите пратеници.

Од владејачката партија СДСМ преку соопштение реагираат на изнесените тврдења, потенцирајќи дека броењето пратеници на Христијан Мицкоски му е многу слаба страна и тоа го покажал неколку пати досега.

„Исто како што велеше дека има 61 пратеник за распуштање на Собранието и избори во мај. Очајни се овие обиди на Мицкоски, погрешната математика и штанцањето нови измислици ќе му се вратат како бумеранг многу бргу. Целата јавност знае дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои го поддржуваат европскиот пат на државата, кои не се согласуваат со анти-европскиот став на Мицкоски и се подготвени да ги поддржат сите чекори“, стои во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ тврдат дека Мицкоски е изолиран и во целосно заложништво на Левица и го чекаат нови порази. Од СДСМ ги повикуваат сите прогресивни групи и пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на процесот, за потребните реформи да бидат усвоени и државата да продолжи по европскиот пат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од денеска не важат замрзнатите цени на дел од основните прехранбени продукти

Владината одлука за замрзнување на цените за дел од основните прехранбени продукти престанува да важи од денеска. Министерот за економија Крешник Бектеши пред два дена изјави дека нема да ја...
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy course download free
download intex firmware
Download WordPress Themes Free
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=